Спасовски најави продолжување на проектот Отворен кабинет


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им се заблагодари на граѓаните кои се вклучија во проектот Отворен Кабинет во чии рамки тој посети повеќе полициски станици и центри за обука во земјата. Тој, во објавата на Фејсбук, најави продолжување на проектот. 

-Отворен Кабинет за средби со граѓаните го започнавме во СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Кавадарци, СВР Тетово, СВР Битола, Камп за обука Лазарополе, Центарот за обука во Идризово – проект во рамки на концептот МВР за граѓаните за нивните идеи за подобрување на безбедноста во заедницата, на работењето на полицијата, сето она што нѐ засега сите нас. Ги охрабривме граѓаните да бидат дел од креирањето политики, и тие ја препознаваат таа подготвеност да ги слушнеме нивните предлози и, секако, да ги решиме проблемите на најбрз можен начин. Упатувам искрена благодарност до медиумите за соработката и континуираното следење на овој наш проект, бидејќи вистинското информирање на граѓаните и транспарентноста се клуч за демократијата, напиша на Фејсбук министерот Спасовски.