Спасени двајца браќа кои со мотицикли се загубиле на Шар Планина
Во тетовската полиција синоќа околу 21 часот и 15 минути било пријавено дека Е.Х.(31) и неговиот брат С.Х.(25), двајцата од Скопје, кои околу 14 часот со мотоцикли се упатиле кон Титов врв на Шар планина и планирале да стигнат во Стрезимир, заталкале во планината, а им се случил и дефект. На Е.Х. му се влошила и здравствената состојба, па неопходна му била лекарска помош.
Полициските службеници поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот, и околу 1 часот по полноќ браќата биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови, соопшти МВР.