Советот на амбасадори го нарече претепувањето во Охрид „варварски чин“
Советот на амбасадори со длабоко жалење ја прими веста за бруталниот физички напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Од Советот на амбасадори го осудуваат, како што велат, таквиот варварски чин и воопшто насилството како начин решавање на недоразбирањата помеѓу граѓаните независно од нивната етничка и верска или политичка припадност.
„Советот смета дека овој настан ја вознемири домашната јавност, но и јавноста во соседна Бугарија, која со право го протолкува настанот како ‘антиевропски’ и ‘антибугарски’ испад“, се наведува во соопштението.
Според Советот на амабасадори со таквите насилни испади се рушат добрососедските односи помеѓу двете соседни држави Северна Македонија и Бугарија, духот на мирот и соработката во регионот но и репутацијата на нашата држава како мирна и пријателска држава и кандидат за членството во Европската Унија.
Советот на амбасадори бара од надлежните судски органи најитно да го процесуираат судкиот процес и виновниците да добијат заслужени казни.