Сопственикот на „Беса Транс“ тврди дека ги почитувал сите правила

Во опожарениот автобус имало и втор возач бидејќи компанијата ги почитува сите правила, изјавил сопственикот на компанијата „Беса Транс“ за бугарски „Дневник“.
Повеќето автобуси во возниот парк на компанијата, според него, датираат од 2008-2009 година, изјави за Дневник сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу.
-Немам што да коментирам, не знам како дојде до ова , изјавил Хаџиу кој поради инцидентот е во Бугарија. Тој одговорил само на двете прашања за возачот и автобусите, но не сакал да коментира ништо за текот на истрагата. Хаџиу одби да коментира за други теми, како што е објавата на бугарското обвинителство дека имало експлозија.

Македонски „Фокус“ веќе објави дека Беким Хаџиу е сопственик на компанијата “Беса транс“,а не Аздрен Зубери, чија компанија се покажа дека е регистрирана во Ќустендил на иста адреса со десетици други фирми.
Хаџиу изјави дека има транспортна компанија 20 години и досега немал никаква несреќа. Зубери пак за actualno.com демантираше дека има рска со скопската „Беса Транс“, која е различна компанија од бугарската.

„Имаме податоци дека во оваа делница околу селото Боснек, не зборувам за конкретната точка, има многу тешки несреќи, вклучително и ланската верижна несреќа во која учествуваше автобус и имаше загинати. Пред неколку месеци ја алармиравме бугарската влада дека ни претстои „Втор Своге“, бидејќи дефицитите на безбедност на патиштата во целиот транспортен систем се многу и прашање на време е, но никој не знае каде, ќе се случи таков инцидент, како што се случи со Своге, изјави Богдан Милчев, експерт за безбедност на патиштата за бугарското национално радио.
