Сопатничка повредена, откако скопјанец со возило удрил во канделабра


Ноќеска два часа по полноќ било пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ во Скопје, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во канделабра.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.А.(27) од Скопје, констатирани во Комплекс  клинки „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен би увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Скопје.