Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај, информираат од АМСМ. Апелираат до сите возачи да не го користат автопат.