Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка
На експресниот пат Штип-Радовиш во близина на штипското село Лакавица се случила сообраќајна несреќа, во која има повредено едно лице и е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила во 18:05 часот кога товарно моторно возило „Фиат дукато“ излетало од коловозната лента. Возилото е управувано од 24 – годишен возач од струмичкото село Баница, а со телесни повреди се здобила неговата 21- годишна сопатничка од истото село.
Во тек е увидот од страна на СВР-Штип, а сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.