Сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово: Сообраќајот пренасочен


Илустрација

Денеска, во 10.10 часот, на патниот правец Крива Паланка – Куманово, на излез од Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода, велат од АМСМ.

Поради оваа незгода, сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат.

Засега нема информации за повредени лица или жртви, повеќе информации се очекуваат во текот на денот.