Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Температурата низ државава ќе се движи од 12 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје пак, минималната температура се очекува да биде 17, а максималната 36 степени Целзиусови.

Според синоптичарите, утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Локална појава на нестабилност ќе има и во вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.