Солун напладне молчи за жртвите од Кочани


Граѓаните на Солун организираат собир на молк како израз на сочувство за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица.

Како еден од градовите кои покажа солидарност и прифати на лекување дел од настраданите во трагичниот пожар, велат организаторите на собирот, „ве покануваме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство за загубените животи, на повредените и на нивните семејствата“.

„Да се собиреме во момент на тишина и да ја покажеме нашата поддршка“, се вели во повикот за собирот кој ќе се одржи утре, во 12.00 часот на пладне, на плоштадот Аристотел.