Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу


Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар-Скопје вечер солистички концерт ќе има пијанистот Арда Мустафоглу.

Како што соопшти КИЦ, тој ќе настапи со концертна програма што спојува различни музички епохи.

-Публиката ќе има можност да слушне неколку сонати од композиторот Доменико Скарлати, како и една од најимпозантните творби на Лудвиг ван Бетовен – Сонатата „Апасионата“, информира КИЦ.

На концертот ќе му се придружи и виолинистот Јаков Ангелов, со кого Мустафоглу ќе ја изведе композицијата „Чакона“ од Томазо Витали.