Сојузот на музички уметници на Македонија избра ново раководство
На изборното собрание на Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ), кое се одржа на 17 декември во Кинотеката на Република Северна Македонија, беше избрано новото раководство на СМУМ.
Членови на Надзорниот одбор се Васил Атанасов, Јасна Аврамовска и Весна Ангелова. За претседател на Собранието на СМУМ е избрана проф. д-р Ана Гацева.
Во новиот мандат раководството ќе биде фокусирано во одржување на континуитетот на фестивалот „Златна лира“ и циклусот концерти „ПроМузика“, а особено внимание ќе биде посветено на збогатувањето на концертниот живот, соодветната валоризација на трудот на музичките уметници од сите генерации, како и нивна промоција во државата и надвор од неа.