Социјалната мрежа Икс не е достапна за корисниците во делови на светот


Социјалната мрежа Икс (X) денеска е недостапна за десетици илјади корисници ширум светот од 16 часот по средноевропско време.

Голем број корисници пријавиле проблеми при пристапот до платформата, но од компанијата Икс засега нема коментар.

Икс е во сопственост на Илон Маск, кој минатата година објави дека има околу 250 милиони активни корисници дневно.