Со тврд предмет нападнат човек во Чаир
Два инциденти се регистрирани вчера на подрачјето на Чаир.
– На 08.12.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.К.(43) од сelo Драчевица, општина Студеничани, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет го нападнал М.Ч.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведуваат од МВР за едниот случај, додека за другиот информираат:
– На 08.12.2025 во 20:45 часот во СВР Скопје, М.Т.(38) од Скопје пријави дека околу 19:05 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од И.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.