Со камион прегазен пешак на бул. „Киро Глигоров“ во Скопје


Вчера на пладне, во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Киро Глигоров“ во Скопје, пред железничкиот надвозник, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(78) од Скопје, удрило во пешакот Ф.Т.(44) од село Семениште, Скопско.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.