Со автомобил удрил во велосипедист

Во петокот, околу 14 часот во Скопје на ул.„Македонско-косовска бригада“, патничко возило „опел агила“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.С.(79) од Куманово удрило во велосипед, управуван од Б.З.(67) од Скопје.
По незгодата велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.