Со автомобил удрил пешак и велосипедист


Фото: Б. Грданоски

Во сообраќајна незгода што се случила во вторникот, околу 14 часот во Тетово, со автомобил биле удрени велосипедист и пешак, соопшти МВР.

Имено, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, К.О.(22) од Тетово, управувајќи патничко возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот Д.Р.(18) и пешакот М.И.(18), двајцата од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле велосипедистот и пешакот и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.