Со автомобил прегaзил сограѓанин во Струмица
Во петокот, во 18.45 часот во Струмица на ул.“Ѓорги Упчев“ патничко моторно возило “хјундаи лантра“ со струмички регистарски ознаки управувано од А.Р. (30) од Струмица удрило во Џ.Ѓ. (35) од Струмица.
Џ.Ѓ. е пренесен во Медицински центар Струмица каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Струмица.