Со автоматско оружје попладнево ограбена златарница во Гостивар


СВР Тетово истакна дека денеска (10.10.2025 година) во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило „бмв”  без регистарски таблички побегнале.

Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот. На терен се присутни полициски тимови кои вршат увид, а истовремено е во тек интензивна акција за пронаоѓање на сторителите.

Од полицијата велат дека веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за  расчистување на случајот.

 

Џипот на разбојниците од Гостивар пронајден запален на патот кон Стража
Џипот што бил користен при денешниот грабеж на златарница во центарот на Гостивар е пронајден запален на патот кон планинскиот премин Стража.

Возилото било целосно зафатено од пламен, а според првичните информации, се претпоставува дека сторителите намерно го запалиле за да ги сокријат трагите од грабежот. Полицијата е на терен и врши увид, а засега нема информации за идентитетот на напаѓачите.