Снег во Скопје (видео)

Во Скопје утрово почна да вее снег, како што деновиве најавуваше УХМР. Водно е обвиено во магла, но во центарот на градот вее снег.
Според прогнозата времето во главниот град денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во наредните денови ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег.