Слушнете ја „Маратон“ која ќе не претставува на јуниорскиот Евросонг во Мадрид


Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски се годинашните македонски претставници на детската Евровизија, која ќе се одржи на 16. ноември во Мадрид, Шпанија.

Тие ќе ја изведат песната „Маратон“, чии автори се Лазар Цветковски (музика и аранжман) и Магдалена Цветковска (текст).

Видеоспотот беше промовиран викендов на МРТВ и е во целосна продукција на Македонската радио-телевизија, сниман на повеќе локации низ Скопје.

Европскиот радиодифузен сојуз и шпанскиот национален сервис, како домаќин на фестивалот, ветуваат одлична програма.

Како и секоја година, Македонската радио-телевизија ќе врши директен пренос на детската Евровизија.

Лани победи француската претставничка Зои Клозјур со песната „Cœur“, меѓутоа Французите решија да ја отстапат организацијата бидејќи ова беше нивна трета победа во последите четири години. Тие беа земја-домаќин во 2021 и 2023 година.