Словенија со нови 1.860 заразени, а Хрватска со 759
Во Словенија во последните 24 ласа потврдени се нови 1.860 новозаразени со корона вирус, а од последиците од Ковид-19 починале 24 пациенти, објави Министерството за здравство, додека премиерот Јанез Јанша попладне треба да го изнесе планот за вакцинирање за првите шест месеци од годината.
Бројот на активни случаи е 24.190 и е помал за сто од претходниот ден, додека просечно дневно во изминатата седмица се заразувале 1.865 луѓе што исто така има тренд на опаѓање.
Во болница се 1.205 заболени од Ковид-19, а на интензивна нега 198.
Во Хрватска пак, во последното деноноќие забележани се 759 нови случаи, а бројот на активни случаи е 4.903.
Од нив 2.048 пациенти се на болничко лекување, а 185 на респиратор.
Починаа 43 пациенти. Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска има 220.982 заразени, а 4.446 починаа, а оздравеа 211.633.
Тестирани се вкупно 1.087.992, а во последните 24 часа 7.074.