Словенечка болница по грешка прогласи жив човек за мртов


 

Жив човек прогласиле за мртов во словенечка болница во градот Целје во Словенија, додека пак семејството погребало погрешен човек.

Според информациите од тамошните медиуми, бил сменет идентитетот на двајца постари пациенти, од кои едниот починал, а другиот останал жив.

Грешката е откриена дури кога преживеаниот пациент се вратил во домот за стари лица.

Словенечката телевизија N1 јавува дека двајца постари пациенти биле донесени со исто возило на брзата помош од ист дом за стари лица и со себе немале белезици за идентификација.

Министерот за здравство Бешич Лоредан изјави дека ова е прв ваков случај во Словенија. Словенечката полиција отвори истрага, а раководството на болницата понудило оставка.