Слика вредна шест милиони евра најдена во кујна на старица


Слика пронајдена на ѕидот во кујна на една старица во Франција, недалеку од париз всушност е изгубено дело на италијанскиот сликар Чимабуе.

Се работи за уметничкото дело „Распнувањето на Христос“ кој е дел од серија слики од крајот на 13 век, а откриено е дека се наоѓа во стан во северниот француски град Компење. Се верува дека сликата денес вреди шест милиони евра, и дека толку би платил новиот сопственик на аукцијата која треба да се одржи во октомври.

Старицата ја чувала во својот дом верувајќи дека се работи за стара религиска икона.

Експертите тврдат дека нема сомнеж во автентичноста. Извршени се тестови со помош на инфрацрвено светло за да се утврди сличност со други дела од италијанскиот автор.

„Сликата е нацртана од иста рака“, јасен е експертот Ерик Роквин.

Се верува дека сликата е дел од поголема сцена поделена на неколку панели, која го отсликува распнувањето на Исус Христос.

Аукцијата ќе биде одржана на 27 октомври.