Следната година може да има недостиг од шприцови
Поради вакцинавијата против Ковид-19, во светот се користат милијарда шприцови повеќе од вообичанео, а тоа е причина да има недостиг од нив следната година, предупредува Светската здравствена организација.
Лиза Кедман од СЗО вели дека производството на шприцови треба да оди во чекор со зголемената достава на дози за вакцинација.
„Загрижени сме дека може да дојде до недостаток на шприцови за имунизација, што за возрат би довело до големи проблени, како успорување на програмите на вакцинација. Може да се работи за дефицит од 1 до 2 милијарди шприцови“, вели Хедман.
Можни се и дополнителни проблеми
Во светот досега се примени повеќе од 7,5 милијарди дози вакцини против Ковид-19, пишува АФП. тоа речиси е двојно повеќе од бројот на вакцинации што рутински се спроведува на годишно ниво и двојно поголем број потребни ѓшприцови.
Хедман вели дека сериозен дефицит може да има негативно влијание на јавното здравје ако генерациио млади пропуштат да ги примат вообичаените вакцини во детството. Може да дојде до повторна пракса за реупотреба на истите шприцови и игли, што може да биде опасно за здравјето.
Ги повика земјите однапред да направат план за набавка на потребната количина шприцови за да се избегне стварање залихи или панично купување.