Славната писателка Џ.К.Роулинг имала симптоми на Ковид-19 ама не се тестирала
Англија- Џ.К.Роулинг, авторката на бестселерот „Хари Потер“ откри дека во последните две недели страдала од „сите симптоми“ на Ковид -19 , иако не се тестирала за коронавирус.
Писателката ја сподели веста преку својот профил на Твитер, и објави видео во кое има совети како да се надминат респираторните симптоми следејќи ги препораките на нејзиниот сопруг Нил Мареј, кој е инаку, лекар. Таа додаде дека „целосно се опоравила“.
Минатата недела Роулинг, една од најбогатите во својата фела, го промовираше онлајн центарот „Хари Потер дома“ кој се базира на нејзините книги со детето-волшебник.