Слаб интерес за студирање на наставните насоки на ПМФ – на математика запишани најмногу – 15


Слаб е интересот на студенти кои се запишуваат на Природно – математичкиот факултет во Скопје, особено за наставните насоки, иако тие се субвенционирани од државата. 

Годинава, на математика наставна насока, се запише 15 студенти, што е најбројна насока, додека на другите бројот на новозапишани студенти е едноцифрен. 

– Интересот за студирање на Природно-математичкиот факултет, последните години е константен и е прилично паднат. Добро стоиме со некои насоки коишто се применети, но додека наставните насоки клишто се субвенционирани, сѐ уште не можеме да се пофалиме дека има значителен број на студенти на наставните ансоки, освен математика – наставна насока, кадешто се забилаа околу 15, 16 студенти, останатите се со едноцифрен број, што навистина е лошо за македонското образование, за иднината на македонското образование – вели Даворин Трпески, декан на Природно математичкиот факултет.

На природно-математичкиот факултет во Скопје постојат повеќе насоки и тоа: биологија, географија, етноголија и антропологија, математика, физика и хемија.

Со новата програма за основно образование, воведена од годинава, хемија и физика се изучува од седмо одделение, односно во седмо, осмо и деветто одделение, а не како до сега само во последните две години од основното образование. За сметка на тоа, а и веројатно затоа што одамна нема доволно наставници за овие насоки, бројот на часови неделно е намален. Така учениците во седмо одделение имаат само по еден час недело, а учениците од осмо и деветто одделение сѐ уште учат по старата програма, па имаат по два часа неделно. (Б.Б.)