СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денеска преку соопштение реагира во врска со условите предвидени во јавниот повик на Владата за доделување ваучери за студентите.
-Условот од мерката на Владата за доделување ваучери во износ од 250 евра за студентите за набавка на лаптопи или таблети, според кој компаниите треба да имаат најмалку две експозитури на територијата на државата, СКСЗМ го оценува како дискриминаторски критериум, стои во соопштението на Комората.
Тие сметаат дека овој услов ги исклучува поголемиот дел од малите и средни претпријатија, кои во најголем број случаи функционираат само со една експозитура, но сепак нудат квалитетни и професионални услуги и создава нелојална конкуренција, ставајќи ги во привилегирана положба само поголемите оператори.
-СКСЗМ ги повикува надлежните институции да ги преиспитаат условите од јавниот повик и да овозможат еднаков пристап за сите компании, со цел да се избегне создавање на нелојална конкуренција и да се обезбеди правичен третман за сите економски оператори, се вели во реакцијата на СКСЗМ.