Скопските пожарникари утрово го поправаа часовникот на Музејот на Град Скопје, оштетен од невремето


Оштетената сказалка на саатот на Старата железничка станица (Фото: Б. Грданоски)

Утрово низ центарот на Скопје, противпожарните служби беа забележани како ги санираат преостанатите оштетувања по силното невреме кое пред неколку дена го зафати главниот град.

Тие беа забележани како го поправаат часовниот на Музејот на Град Скопје.

Инаку од невремето, една од стрелките, онаа која ги покажува минутите, беше оштетена.

Освен часовникот на Музејот, беа повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство. Исто така, последици биле регистрирани на ГП Меѓународен аеродром Скопје и на Транзитниот центар Табановце, а значително оштетен бил и пливачкиот базен во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.