44. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
Во предвечерието на фестивалот:
Промоција на винилот “After The Wildfire”
и
Концерт на Гордан Спасовски
***
Сабота, 11 октомври
Аудиокултура
Почеток: 19ч.
***
Поради ограничениот капацитет на локацијата, неопходно е да извршите резервација преку СМС порака на бројот 075 414 565
“After the Wildfire” е дело на Јан Бенг и Арве Хенриксен нарачано специјално за отворањето на 42. издание на Скопскиот џез фестивал во 2023. Тоа беше изведено со оркестарот на Институтот Фејмс, придружен од повеќе македонски солисти. Оркестратор и диригент беше Џијан Емин. На премиерниот настап беше претставена музиката која со лесностија лебди меѓу жанрови… со изразена иновација и креативност во самата основа, овие композиции се амбиентални, фолклорни, симфонични… Снимениот материјал се доработуваше во Норвешка а сега се појавува како издание на Jazzland/Punkt editions.
|
|
|
Гордан Спасовски ја добива наградата за Најдобар македонски џез музичар за изминатата година што ја доделува Скопскиот џез фестивал. Активен е како пијанист, композитор, аранжер и е дел од Националниот џез оркестар. Спасовски во Аудиокултура ќе настапи со своето трио, заедно со Виктор Филиповски на тапани и Кирил Туфекчиевски на бас.
|
|
|