Скопје зафатено од големо невреме, УХМР издаде вонредно предупредување


Големо невреме со дожд и силен ветер и грмежи во моментов има во скопско Лисиче, Аеродром и Кисела Вода.
Невремето се приближува кон Центар и Карпош.
Според УХМР истокот и југоистокот на Скопје е зафатено од нестабилност проследено со пороен дожд и грмежи. Од таму имаат издадено вонредно предупредување во кое се вели дека денеска попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветар и услови за појава на град