Скопје заедно со граѓаните ќе го креира буџетот
Градоначалникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани, заедно го креираат градскиот буџет за 2026 година.
– Годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас, жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје. Вашите потреби, ставови и идеи ќе бидат основата врз која ќе го градиме овој важен документ. Работејќи во постојана комуникација со граѓаните, веќе собравме голем број конструктивни предлози. Но процесот е отворен и затоа ве повикувам сите партнерски да се вклучите во создавањето на буџетот кој ќе го забрза повторното заживување на нашиот град – вели Ѓорѓиевски.
Додава дека во новиот буџет ќе бидат опфатени и приоритетните капитални проекти во делот на инфраструктурните зафати, културата, спортските содржини, животната средина – подобрувања кои ќе го олеснат секојдневието на скопјани и ќе донесат поголем квалитет на живот.
– Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Верувам дека токму со ова отворено партнерство ќе создадеме стабилна основа за долгорочен развој и силно, достоинствено Скопје – вели Ѓорѓиевски.
Идеите и предлозите може да ги поднесете на: [email protected]