Скопје со 1.800 активни случаи, на респиратор седуммина


Фото: Б. Грданоски

Главниот град Скопје денеска е со најмногу активни случаи 1.800.

Чаир, заклучно со вчера, останува лидер со 416, Гази Баба 151, Бутел 136, Сарај 138, Аеродром 141, Карпош 121, Кисела Вода 109.

На Инфективната клиника денеска се примени шест пациенти, каде вкупно има 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Козле се хоспитализирани две деца сомнителни на Ковид-19 и 11 возрасни позитивни пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.