Скопјанка заврши во болница по пад во автобус


Фото: Б. Грданоски

Несреќата се случила вчера околу 6:45 часот, кога жената се превезувала во автобус со скопски регистарски ознаки. Според првичните информации, при ненадејно сопирање на возилото, таа ја изгубила рамнотежата, паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

Повредената била итно пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите ѝ укажале медицинска помош.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Шокантен е случајот во с. Бањани, каде 79-годишниот М.В. заврши со тешки телесни повреди откако бил нападнат од возач на автобус бр. 61. Инцидентот се случил откако патникот се симнал од автобусот, по што настанала расправија и физичка пресметка со возачот Г.Г..