Скопјанка физички нападната и малтретирана од својот сопруг
Триесет и четиригодишна жена од Скопје пријавила дека пред неколку седмици во домoт била физички нападната од својот 42-годишен сопруг од Скопје.
Како што соопшти полицијата, на нападот ѝ претходела расправија.
Според пријавеното, таа подолг период била физички и психички малтретирана од сопругот, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.