Скопјанец претепан од родителите на сопругата
Во СВР Скопје вчера во 13.00 часот, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ј.Н. и В.Н., родители на неговата сопруга.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.