Скопјанец ги претепал сопругата и нејзините три малолетни деца

Случај на семејно насилство во скопски Петровец.
– На 12.03.2025 во 12 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 4 часот физички ја нападнал неговата 43-годишна поранешна партнерка, оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три малолетни ќерки и со тврд предмет ја оштетил влезната врата од нивниот дом, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.