Скокна бројот заразени со корона вирус во Србија – повеќе од 2.000
Во Србија, според последниот пресек, откриени се уште 2.080 заразени со новиот корона вирус, а починаа 19 лица.
Во полсените 24 часа тестирани се 13.488 лица.
Во болница се лекуваат 4.379 пациенти, од кои 168 на респиратор.
Од почетокот на епидемијата во Србија се тестирани 2.566.764 примероци, а потврдени се 387.206 случаи на зараза.
Вкупно починаа 3.924 лица, а процентот на смртност е 1,01 отсто.
Во Србија се спроведува вакцинација, при што досега се вакцинирани 310.266 граѓани, од кои само денеска 31.478.
На сите пунктови може да се вакцинираат само луѓето кои добиле повик од електронската управа, со термин за вакцинација, кој го добиваат по пријавување на порталот на електронската управа или по телефонски повик во кол-центатрот.