Скандинавците ќе се запознаат со убавините на Македонија, роудшоу на Македонската асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ)


Фото: Б. Грданоски

Македонската национална асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) во период од 28-30 октомври, во Копенхаген, Данска и Стокхолм, Шведска, ќе реализира интензивни промотивни активности за претставување на туристичките потенцијали на нашата земја.

НАИТМ ќе организира два настани (28.10. во Копенхаген и 30.10 во Стокхолм ) со кои ќе се претставиме пред влијателната јавност во туризмот, медиумите и туристичките инфлуенсери од Скандинавија. Во рамките на настаните ќе се остварат средби со скандинавски тур оператори, туристички агенции и асоцијации, со авио компании од овој дел од Европа, како и со влијателни туристички блогери, медиуми и инфлуенсери. Ќе се претстави земјава како автентична туристичка дестинација, со голем потенција за одржлив туризам.

Roadshow-то во Скандинавија е поддржано од Швајцарската и Шведската амбасада во земјава, и нивните проекти SIPPO I RECONOMY.

Покрај македонските компании кои членуваат во НАИТМ, на овие настани ќе учествува и ТАВ Македонија со цел разгледување можности за подобро авионско поврзување со Скандинавските земји.

„Целта на ова roadshow во Скандинавија, е да предизвикаме интерес, да ја претставиме нашата убава земја како автентична дестинација. Туристите нема да дојдат ако не ги заинтересираме и повикаме, ако немаме квалитетна промоција. Денес не се поставува прашање дали ни е потребна туристичка промоција, тука каква таа ќе биде. Колку и да е убава една дестинација, ако никој не знае за неа, таа останува само скриено богатство, а не туристички производ, посебно денес во ера на дигитализација, ефтини летови и лесна достапност на било која дестинација“, изјави Драгана Панкова, Оперативен директор на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ).

Скандинавците се туристи со голема куповна моќ, патници кои сакаат автентични искуства и недопрена природа, а Македонија со своите планини и езера е идеална за нив доколку ја запознаат. Би сакале да биде нивната порта кон останатиот дел од Балканот, изјавија дополнително од НАИТМ.

Повеќе од 40 изложувачи од државава и регионот од денеска до четврток ќе бидат дел од Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго-Технома 2025“. Годинава, фокусот ќе биде ставен на одржливите решенија и технолошките иновации. Саемската манифестација ќе се одржува под мотото „Вклучи одржливи навики“. Од енергетски ефикасни решенија за домаќинствата до иновации што ги трансформираат производствените процеси, „Енерго-Технома 2025“ ќе обедини професионалци, технолошки ентузијасти и млади иноватори од различни делови на светот. На површина од 2.500 метри квадратни, ќе бидат презентирани производи и технологии од различни индустриски сектори, вклучувајќи енергетски постројки и опрема, системи за греење и ладење, соларна енергија, хибридни технологии, трансформаторски и климатизациски решенија, како и иновации од областа на роботиката и интелигентните системи. Во текот на четирите дена ќе бидат организирани и над 20 стручни презентации и практични демонстрации, а дел од саемот се и младите иноватори од техничките факултети, кои ќе се претстават со нивните иновативни решенија. Една од темите за кои ќе се разговара е и циркуларната економија на која ќе бидат посветени пет панели преку кои ќе бидат прикажани добрите македонски примери и примерите од регионот, а ќе се разговара и за пристапот до финансии бидејќи воведувањето на циркуларноста е скап процес. Првиот саемски ден ќе биде отворен од 13 до 18 часот, во вторник и среда посетителите ќе можат да го посетат саемот од 10 до 18 часот, додека во четврток работното време ќе биде од 10 до 17 часот. Саемот се одржува втора година по ред откако имаше пауза за време на Ковид кризата, а претходно се одржуваше на просторот на поранешниот Скопски саем.