Синот на Солза Грчева стана советник во Софија

Синот на Солза Грчева, Андреј Зографски, е избран за советник во Софија како предлог на политичката коалиција Промените продолжуваат- Демократска Бугарија. Тој е прв на листата од 23 општински советници на коалицијата во Софија која го „збриша“ ГЕРБ по 18 години доминација во главниот град на Бугарија.
Локалните избори во Бугарија се одржаа последниот викенд, а 12 од избраните советници се од националистичките ВМРО, Преродба и Има таков народ.
Пред изборите Красимир Каракачанов од бугарското ВМРО му постави неколку прашања на Андреј Зографски.
Тој ја праша и Солза Грчева, македонска политичарка и поранешен пратеник во македонскиот парламент како таа самата, што се декларира како „чистокрвна Македонка“ и остро настапува против Бугарија можела да роди син Бугарин?
„ Како мајката води жестока антибугарска кампања во Скопје, а синот тивко се намести да владее со Софија“, прашува Красимир Каракачанов.
„Ваша должност е како кандидат за јавна функција да дадете какви било информации за вашите верувања и ставови. Не еднаш граѓаните на Македонија бараат бугарско државјанство и го добиваат, но наместо да и бидат благодарни на Бугарија, тие ја клеветат и навредуваат својата вистинска татковина“, пишува Каракачанов.
Андреј Зографски зборувал течно бугарски и од искажаните ставови испаѓа дека бил против политиките на екс премиерот Никола Груевски.