Синџирот на „Старбакс“ во Русија ќе добие нови сопственици, Руси
Рускиот угостител и основач на Pinskiy&Co Антон Пински, раперот Тимати (Тимур Јунусов) и компанијата „Синдика“ на сенаторот Арсен Каноков ќе станат нови сопственици на бизниси на американскиот синџир кафеа „Старбакс“ во Русија. Тоа го изјавил Пински за „Форбс“.
Бизнисменот не ги откри условите на договорот, само рече дека дал понуда за откуп во март. „Судејќи според фактот дека сега го затвораме договорот, ја дадовме најкоректната понуда“, додаде тој.
Како што претходно објави „Ведомости“, новите сопственици ќе добијат право да закупат простор на кафулињата „Старбакс“, но без користење на производите и технологиите на компанијата. Ќе мора и да се ребрендираат.
Кафулињата на „Старбакс“ се појавија во Русија во 2007 година. До средината на февруари 2022 година, „Старбакс“ имаше 130 кафулиња во руските градови. По руската инвазија на Украина, „Старбакс“ најави прекин на работата на рускиот пазар. Од 10 март нејзините кафулиња се затворени, а стопирана е и испораката на производи. На крајот на мај компанијата најави повлекување од Русија.
Антон Пински е многу познато лице во угостителскиот бизнис во Русија. Тој има повеќе многу познати кресториани и клубови во Русија.
Тимати е еден од основачите на музичката етикета Black Star, основана во 2006 година. Покрај музичките активности, компанијата отвори мрежи на хамбургери, берберници, салони за тетовирање, перални за автомобили и спортски клубови. Во 2020 година, пејачот ја напушти етикетата, регистрирајќи ја сопствената компанија Rocket.