Синдикатот на културата ќе информира за поднесените тужби на вработените

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска пред Министерството за култура ќе информира во врска со тужбите поднесени од страна на вработените во културата за нивната пресметка на платите.
Како што информираат од СКРМ, тие ја добиле првата судска пресуда по поднесените тужби со која судот потврдил дека правата на културните работници биле повредени со незаконските решенија за плати.
– Пресот ќе биде посветен на прашањето за над 800 поднесени тужби од страна на вработените во културата, поради незаконито донесените решенија и неправедната пресметка на платите. СКРМ ја доби првата судска пресуда по поднесените тужби, со која судот потврди дека правата на културните работници биле повредени со незаконските решенија за плати, велат од СКРМ.
Синдикатот ќе информира и за понатамошните чекори што ќе бидат преземени во заштита на правата на културните работници.