Син се заканувал дека ќе ја убие мајката и ќе ја запали куќата

Во неделата, во 15 часот во Полициската станица Кочани, 63-годишна жена пријавила дека во саботата околу 22.30 и другиот ден околу пладне, во семејниот дом во кочанско село, од страна на нејзиниот син З.В.(40) ѝ биле упатувани закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и ќе ја запали куќата.
Полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.В и против него по комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.