Силно невреме го зафати Измир: Градот поплавен, ѕид се урна врз возилата


Интензивниот дожд во ноќта од вторник кон среда предизвика бројни проблеми во Измир, Турција, меѓу кои и рушење на потпорен ѕид врз автомобили и камион.

Уривањето на ѕидот се случи во областа Мендерес во Измир и ги вознемири тамошните жители.

Сопственикот на камионот Јавуз Календер изјавил дека го паркирал возилото мислејќи дека е безбедно да се паркира таму бидејќи потпорниот ѕид е новоизграден. Тој тврди дека ѕидот не бил изграден правилно и се прашува како ќе го извади камионот и кој ќе ја покрие штетата бидејќи нема осигурување.

Дождот во споменатиот дел од градот предизвика и поплави на станбени и деловни објекти. Оштетени се и патиштата, а нема информации за жртви.

Властите покренаа истрага за уривањето на ѕидот и ја проценуваат штетата која е голема, пишува Daily Sabah.