Сиљановска се сретна со претседателот на Емиратите
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Во фокусот на разговорот биле перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка, се вели во соопштението на нејзиниот кабинет.
Посебен акцент бил ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза.
Сиљановска го поздравила воведувањето на безвизен режим меѓу двете држави, оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества.
Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните глобални прашања и важноста на напорите за разрешување на постоечките конфликти.