Сиљановска и другите лидери на Западен Балкан на ручек со Жозеп Борел
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, попладнево по американско време, присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.
На работниот ручек покрај Сиљановска Давкова, присуствуваат албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, косовската претседателка Вјоса Османи – Садриу, претседавачот на БиХ, Денис Бечировиќ, потпретседателот на Владата на Црна Гора за надворешна политика и евроинтеграции Филип Ивановиќ, како и Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за преговорите Приштина – Белград.
Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, на работниот ручек, којшто се одржува во Мисијата на ЕУ во Њујорк, се разговара за евроинтеграциите, регионалната и билатерната соработка, како и актуелните случувања во светот.