Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам поради дефект на владиниот авион
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз поради дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва кабинетот на претседателката.
-Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција, се наведува во соопштението.
Од кабинетот на Сиљановска го информирале кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека таа не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз. Практично во Париз успеја да дојде претседателката на Грузија каде секојдневно има протести на река луѓе и земјата е на раб од граѓанска револуција, а не дојде Сиљановска.
Според она што може да се види од директниот преност од Париз таму беше албанскиот премиер Еди Рама, чија земја се споменува во Брисел како една од двете земји што можат да бидат примени во ЕУ за краток рок. Во Нотр Дам беше и Елон Маск, Румен Радев, Вјоса Османи, премиерот на Австрија, звездата Селма Хајек, Кристин Лагард, Принцот Вилијам, сите живи поранешни претседатели на Франција, Џорџија Мелони, германскиот претседател Франк валтер Штајмаер и многу други. Иако му падна владата, францускиот претседател Емануел Макрон беше со дигната глава бидејќи си изгради вечен спомен за своето претседателствување – најсаканата катедрала во Франција и светска цивилизациска придобивка за што поглаварот на француската црка рече дека – вечно ќе го паметат.
На велилествената церемонија долг аплаус им беше посветен на сите што учествуваа во реставрацијата на катедралата, односно највисоките државници и кралски и други преставници аплаудираа на каменоресците, уметниците и други вешти во старите занаети за да го вратат не само изгледот туку и совршенството на Нотр Дам.