Силен земјотрес во Грција


Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер регистриран е денеска, во 15.27 часот, во Грција.

Како што јави Геодинамичкиот институт, потресот е регистриран во Кефалонија.

Епицентарот е на длабочина од 5 километри, а на 14 километри од Аргостоли, наведуваат грчките медиуми.