Сијарто ја кодошел ЕУ кај Рубио: Правела сплетки против Трамп

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека се надева дека ќе ги оспори американските санкции наметнати од претходната администрација на Џо Бајден, тврдејќи дека тие се „создадени јасно со намера за политичка одмазда, со цел да ѝ наштетат на Унгарија, а подоцна и да им наштетат на идните унгарско-американски односи“.
Зборувајќи по неговиот состанок со американскиот државен секретар Марко Рубио, Сијарто го истакна престројувањето на ставовите меѓу двете земји под Доналд Трамп, при што двете страни се договорија за санкциите и за Украина.
„Постојат мерки кои вклучуваат санкции кои влијаат на енергетската безбедност на Унгарија во областа на набавка на природен гас и нуклеарната енергија, но има и санкција против министерот [Антал] Роган“, рече тој, цитиран од публикација поврзана со унгарската влада.
„Ги започнавме потребните правни процедури за сите три прашања и државниот секретар нè увери за апсолутна отвореност да ги оставиме зад нас овие одмазднички мерки што е можно поскоро“, беше цитиран тој.
Сијарто рече дека ја пренесе поддршката на Унгарија за предложените мировни преговори за Украина од Трамп.
Бевме, исто така, согласни дека повторените изјави дека треба да се продолжи војната што е можно подолго не беше стратегија и беше исто така опасна позиција бидејќи колку подолго трае војната во нашето соседство, толку е поголема опасноста од ескалација.
Министерот, исто така, тврдеше, без да понуди дополнителни докази, дека „во Европа, особено во нејзиниот западен дел, во тек е извесна сплетка против Доналд Трамп и неговиот мировен план“.
Сијарто изразил благодарност што САД ја прекинаа исплатата на средствата од УСАИД. Тие средства, според него, служеле како основа за надворешната политика на САД, чија цел е „мешање во внатрешните работи на други држави, политика што го натера светот да страда четири години под претходната администрација на американските демократи“.
„Мислам дека значаен дел од светот здивна“, рече министерот за надворешни работи.