Сијарто ги нарече „фанатични“ мерките на ЕУ за Украина

„Збир на фанатични, провоени иницијативи на денешниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ. Милијарди повеќе за Украина, повеќе оружје, распоредување воени советници, нови санкции за нуклеарната енергија и притисок за отворање на сите поглавја за пристап оваа година. Ние не поддржуваме ништо од тоа. Време е да се стави крај на неуспешната политика во последните 3 години“, напиша унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто на социјалните мрежи додека трае министерскиот состанок во Луксембург.
Неговиот став , особено по нападот на Суми со касетни бомби не го сподели никој во ЕУ.
Министерката на шведската дипломатија, Марија Стенергард, оцени дека неодамнешните смртоносни напади врз Украина покажуваат дека Русија не сака мир.
„Мораме да ја зголемиме нашата поддршка за Украина и да продолжиме со употребата на замрзнатите руски средства“, изјави таа пред состанокот.